Нови парковски реквизити

 

Нови парковски реквизити на “Гази Баба“ и “Водно“

 

Изминатиов период екипи од секторот „Вонградско зеленило“ извршија изработка и поставување на нови парковски елементи на повеќе локации на парк – шумата „Водно“ и во Парк на прирдата „Гази Баба“. Еден голем видиковец, три мали видиковци, еден голем детски реквизит, еден мал детски реквизит и дваесетина пара со маси и клупи, изработени од дрво, се поставија на фрекфентните локации за посетители на падините на парк – шумата „Водно“.

Исто така изработени и поставени се нови реквизити во Парк на природата „Гази Баба“ и тоа: два големи видиковци, еден мал видиковец, еден голем детски реквизит, еден мал детски реквизит, како и осум пара на клупи и маси.

Ова се дел од активностите според програмата за работа на Град Скопје во соработка со ЈП„Паркови и зеленило“, потребата од обновување и поголема понуда на парковски елементи за посетителите во природа.

 

 

13.09.2017 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet