Активности на екипите од “Подигање зеленило“

 

 

Подигање и уредување на ново булеварско зеленило периодов се извршува на проектот на пробивање на булевар „Србија“ до крстосницата со улицата Христо Татрчев во општина Кисела Вода, каде е планирано да се изгради нов кружен тек.

По должина на новата траса ќе има странично зеленило од 1,5 метри и  жардиниера со средишно зеленило со ширина од 2 метра и должина од околу 700 метри.

Екипите извршија нанесување – утовар на земја на средишната булеварска жардиниера, поставување на целосен систем за полевање,  хидрантска мрежа, како и озеленување со тревна површина. Наредниот период продолжуваат активности на доуредување на целиот зелен појас на сообраќајницата.

Истовремено дел од екипи од „Подигање зеленило“ работат на реконструкција на зеленилото и хидрантната мрежа за наводнување на страничното зеленило на бул.„М.Т.Гологанов“ спроти студентскиот дом Гоце Делчев.

 

 

 

14.09.2017

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet