Грижа на растенијата во есен

 

Секое годишно време со својот циклус во процесот на атмосферската динамика и климатологијата, влијае на процесите и промените на растенијата во природата.

Топлотниот режим придонесува за растот и развојот на растенијата и поголемо цветање, но има и негативни последици.

Оптималните температурни услови се различни за различни растенија, а истите се различни и во одделните фази од развојот на растението.

Големото количество на вода (дождови) и ниски температури, исто така доведуваат до промена, оштетувања во процесот на раст и развој на зеленилото.

Оттука, есента е период во годината каде се извршуваат одредени активности, кои ќе бидат припрема за следната сезона и овозможување на сигурно презимување на растенијата и тоа:

 

-Во овој период се врши чистење, садење, резидба, заштита од болести и штетници на растенијата, како и заштита од ниските температури.

-Во текот на есента во цветните леи својот животен циклус го завршуваат едногодишните цвеќиња. Па така, од сите едногодишни цветови потребно е да се собере семе од билниот материјал и истото да се употреби за следниот циклус.

-За повеќегодишните видови пак, се извршува отстранување на исушените стебла, гранки и кроење на зеленилото. Исто така некои видови на цвеќе (пр.Далиа) потребно е да се пресадат и преместат за зимување.

-Периодот на есента  е погоден за садење на луковици, кои ќе цветаат дури во пролет.

-Во овој период, поради ниските температури, се суши лисната маса од дрвата и паѓа, и е потребно нејзино собирање од тревната површина, за да не дојде до пропаѓање – гниење на тревата.

-Eсента е најпогодна за садење на грмушки и разни видови на жива ограда, а особено е потребно да се изврши санитарно кроење на нискостеблестите растенија - розите, како и да се заштитат од болести и од замрзнување.

Оттука, грижата за одржување на растителниот свет е од големо значење во текот на сите годишни времиња.


22.09.2017


 

 

   

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet