Чистење на зеленилото на кејот на р.Вардар

 

Екипи од Секторот „Градско зеленило“ изминативе денови извршија активности на чистење и уредување на зеленилото на Кеј на р.Вардар. На потег од мостот „Тодор Александров’’ (поранешен мост “Близнак“) се до мостот на железничката пруга на р.Вардар во нас.Ново Лисиче, викендов со соодветна механизација на машини за косење – циркулари, електрични тримери, се работеше на косење на тревна површина, косење на диво израснато зеленило, кроење на дрва и грмушки, и утовар на смет и отпадоци.

Ова е дел од акциите за одржување и уредување на јавните зелени површини каде е опфатено и зеленилото од лева и десна страна, долж Вардар, кои се реализираат во текот на целата година.

Исто така, периодот што следи, екипи на јавното претпријатие ќе започнат со садење на зимско – пролетен цветен расад низ цветните површини во гадот.

 

 

     

 

25.09.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet