Реконструкција на дел од зеленилото на бул.“М.Т.Гологанов“

 

Покрај уредување и озеленување на делови од булеварското зеленило  од проектот на пробивање на булевар „Србија“ до крстосницата со улицата Христо Татaрчев во општина Кисела Вода, и уредување на зелениот појас на  сообраќајната инфраструктура на проширувањето на булеварот Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел, екипи од Секторот „Подигање зеленило“ периодов работат на реконструкција на дел од странично булеварско зеленило.

Поточно на булевар „М.Т.Гологанов“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ екипите работат на целосна реконструкција на зеленилото на површина од околу 5300 метри квадратни.

Се работи на поставување на целосно нов систем за полевање, хидрантна мрежа и систем за зголемување на притисок на вода за наводнување, во должина од околу 500 метри.

На овој дел ќе се изврши и целосна реконструкција на тревната површина, по што ќе следи хортикултурно уредување на зеленилото и садење на соодветни видови садници.

Исто така изминатиов период екипи работеа и на уредување на делови со зеленило, покрај кејот на р.Вардар во Центар. 

 

 

   

 

 

 

02.10.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet