Есенски цветен расад

 

Одгледувањето, негата и размножувањето на растенијата, односно самото производството е исклучително поврзано со влијанието на временските услови. Oвој период од годината Флораком дооел во своите производствени капацитети извршува активности на садење, расадување, пикирање, плевење, полевање и автоматско системско полевање на цветните расади.

 

Од есенски цвет расад застапени се:

 

Ситната љубичица (lat.Viola) во жолта, црвена, бела, виолетова и сина боја, која како ползавец ги краси домовите и парковите од есента до рана пролет.

 

Бела рада (lat.Bellis perennis) која се среќава како самоникната во тревниците, но со вкрстување може да се сади во градина или саксии и како двегодишно растение цвета дури следната пролет.

 

Хризантема (lat.Chrysanthemum) во поизводствените погони на Флораком ја има од видот мултифлора (средна и касна форма) каде со својата декоративна - топчеста цветна форма е погодна за одгледување  и во саксија, но и во дворовитe и градините.

 

Украсна зелка (lat.Brassica oleracea) декоративен цвет со брановити листови која се сади во касна пролет, за својот ек да го има на есен и зима.

 

Цинерарија (lat.Cineraria) е нежно едногодишно растение кое цвета на крајот на зимата или почетокот на пролетта и носи голем број нежни, назабени цветови во повеќе бои. Во стаклениците на Флораком е како полупроизвод и е од пролетен вид чиј процес на одгледување е во тек.

 

Циклама (lat.Cyclamen) е саксиско цвеќе кое цвета од ноември па сè до месец април, собно цвеќе кое бара светло место и пониска температура.

Ја има во разни нијанси на розова боја, но нема мирис. Може да ја има едноставна, но и со двојни латици.

 

Примула (lat.Primus) саксиско собно цвеќе кое цвета во зима и рана пролет, кое бара повремено полевање и постудена просторија. Во погоните на Флораком периодов се изврши пикирање на примулата и истата е во тек на растење.

 

Еуфорбија (lat.Euphorbiaceae) – Божиќен цвет е салонско украсно цвеќе. Расте во жбунеста форма со долгнавести темнозелени листови а во стеблото се со црвена боја. Цветањето на еуфорбијата е во декември и јануари и за да цвета подого се чува на температура од околу 13 степени. Потребно и е светло место.

Во производствените стакленици на Флораком е застапено одгледувањето на овој вид на цвеќе, каде во соодветни услови се подготвува за престојниот период, поради сè поголемата популарноста на ова саксиско цвеќе во предбожиќните денови.

 

Каранфил (lat.Dianthus) - се среќаваат околу 300 видиви од овој цвет. Ги има едногодишни и повеќегодишни, со плишани цветови кои ги красат патеките на дворовите или балконите.

Во погоните на Флораком каранфилот е во фаза – процес на растење и е од видот на едногодишен - зимски расад.

 

Силена пендула (lat.Silene pendula) билка од видот ползавец која цвета во пролет, двегодишен вид каде во расадниците на Флораком е насеана во август, се подготвува за пикирање периодов што следи, а цвета на пролет и за расадување е потребно отворено сончево место.

Ова е дел од производството на цветниот расад кое е во тек на Флораком, и каде оваа година е постигнато производство на околу 400 илјади цвеќиња со пикирање.

Овој расад е за потребите на јавното претпријатие, за престојното сезонскo садење и уредување на цветните површини низ градското зеленило.

 

   

 

   

 

04.10.2017 

 

 

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet