Скопје го украсија нови 35.000 есенски цвеќиња

 

Деновиве на булеварското зеленило и кружните текови се засади нов есенско-пролетен цветен расад. Цвеќе од видот љубичица, хризантема, миозотис, бела рада и украсна зелка  ги украси бул.„Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, Собранието на Р.М., бул. „Илинденска“, парк „Жена Борец“, Градски парк, кружен тек на бул.„М.Т.Гологанов“ и кружниот тек Ѓорче Петров. Со нов сезонски цвен расад од видот љубичица во црвена и жола боја се уредија и цветните фигури во нас.Аеродром – лебедите и штркот, како и Петелот во Кисела Вода.

Исто така со цветен расад се уредија површини на тврдината „Кале“, цветните леи пред влезот на црквата „Св.Спас“, кружната жардиниера на плоштадот „Филип втори“, потоа на цветните ленти на бул.„Александар Македонски“ - булеварско странично зеленило, како и на делови во општина Чаир.

За потребите на уредување на јавните зелени површини со сезонски цветен расад на овие локации досега се засадија околу 35.000 цвеќиња.  

 

 

   

 

   

 

 04.10.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet