Дрвени потпори на садниците на булеварите

 

На потег од мостот „Обединети нации“ се до кружниот тек кај црквата „Св.Петар и Павле“ на средната булеварска жардиниера на бул.„Партизански одреди“ деновиве екипи работеа на поставување на дрвени потпори на садниците.

Бидејќи се работи за млади садници – дрвја долж средната жардиниера, фреквенцијата на сообраќајот како и временските услови налагаат потреба од заштита, при раст на стеблото.

Дрвените потпори ги изработија екипи од секторот „Механизација“ за потребите на градско зеленило каде планирано е поставување на вакви потпори за дрвја на следниве локации:

 

-              Бул.„Илинден“ од Зоолошка градина до раскрсницата кај „Ми-да“

-              Парк „Македонија“

-              Бул.„К.Охридски“ од Влада на Р.М до зградата на „Нова Македонија“

-              Бул.„Ј.Сандански“ средна лента – лева и десна страна

-             Бул.„Србија“ од семафорите кај бул.„Ј.Сандански“ до бул.„Т.М.Бригада“ – семафорите лева и десна страна

-              Бул.„АСНОМ“  кај хотел Русија

-              Рајски парк

-              Бул.„Првомајска“ од општината до бул.„Србија“

-              Во нас.Драчево – паркот

-              Бул.„Ф.Поход“ од страна на бензинската Макпетрол

-              Бул.„В.С.Бато“ средна лента лева и десна страна

 

 

 

   

06.10.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet