Реконструкција на булеварско зеленило

 

 

Дел од екипите на Секторот „Подигање на зеленило“ изминативе денови извршуваат активности од своите надлежности на зеленилото на Бул.„Гоце Делчев“.

Се работи на реконструкција на зеленилото на средна булеварска жардиниера, како и дел од странично булеварско зеленило, од мостот „Гоце Делчев“ се до раскрсницата кај Т.Ц „Мавровка“.

Екипите со соодветна механизација, извршија уредување – реконструкција на тревната површина, поставување на целосно нов систем за полевање на зеленилото, се постави хидрантска мрежа, по што ќе следи и понатамошно хортикултурно доуредување.

Поради извршување на градежни работи на дел од објекти на оваа локација, следуваа активностите на уредување на деловите со зеленило.

Истовремено на бул.„Втора Македонска Бригада“ екипи работат на реконструкција на зеленилото од лева и десна страна долж булеварот, при што се постави нов систем за полевање – капка по капка, се изврши етапно озеленување на делови со тревна површина, како и уредување со засадување на зимзелени садници.

 

 

 

 

 

  

 

06.11.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet