Средување на зеленилото во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

 

Изминатиов викенд на ден 04.11.2017 година, екипи од Секторот „Градско зеленило“ извршија акција на средување на зеленилото во клиничкиот круг на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Се изврши кастрење на оштетени гранки од дрвја, сечење на суви и оштетени гранки од стебла, кроење на зеленилото, собирање на лисна маса од тревната површина, транспорт на истата, како и собирање на смет и отпадоци. Во акцијата учествуваа околу педесетина лица со соодветна механизација и опрема од Секторот „Градско зеленило“ и Сектор „Дрвореди“.

           

                              

 

  

 

07.11.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet