Уништен цветен расад

 

 

Екипи од реонот Ѓорче Петров, при извршување на своите работни активности, изминатово деноноќие забележале уништени цветни површини во зеленилото на кружниот тек кај нас.Порта Влае.

Станува збор за целосно искорнат, раскопан и уништен цветен расад од околу 400 корења од видот Шебој, кои ја формираат цветната површина на зеленилото на кружниот тек.

Ваков случај на вандалско однесување и уништување на јавно зеленило, како и кражба на цветен расад, се сè почести слики кои ги среќаваат вработените на терен.

Оттука, упатуваме АПЕЛ до сите сограѓани за совесно и соодветно однесување кон зеленилото и природата и свест за нејзиното големо значење во урбаните градски средини.

 

 

   

 

07.11.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet