Акција за чистење на општините низ Скопје

 

Деновиве започна Акцијата за чистење на општините низ територија на Град Скопје. На локации низ општина Бутел и населбата Радишани екипите од Секторот „Градско зеленило“ и Секторот „Дрвореди“ со соодветна механизација, 4 возила и околу педесетина лица извршија активности од своите надлежности.

Низ булеварското и блоковското зеленило се работеше на собирање на лисја од зеленилото, собирање на смет и отпадоци од зеленилото, утовар на истото, како и кроење и кастрење дрвја и грмушки.

Ова е есенска Акција за чистење и средување на скопските општини, која ја спроведува Градот Скопје, во која се ангажирани сите јавни претпријатија и дополнителна работна сила.

Акцијата ќе продолжи и наредните денови во останатите општини на главниот град.

 

   

 

23.11.2017


 

Изминатиов викенд 25 и 26 11.2017 продолжи Акцијата за чистење и средување на скопските општини. Екипи од Секторот „Градско зеленило“ на ден 25.11.2017 извршија косење на тревна површина, собирање и утовар  на лисја, на повеќе локациии во општина Шуто Оризари. Секторот „Дрвореди“ со соодветна механизација работеше на кроење и кастрење на гранки од дрвја, како и чистење на израсната вегетација на локации низ општина Чаир. Со околу 60-тина лица и механизација двете екипи работеа на косење на тревна површина  средување на странично зеленило на ул.„Босна и Херцеговина“, парковско зеленило собирање на лисја, утовар на лисја, собирање на смет и отпадоци од јавните зелени површини.

Акцијата во општина Чаир завршува денес, по што ќе продолжи во останатите скопски општини.

 

  

27.11.2017

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet