Садење на дрвја на Булевар „Трета македонска бригада“

 

Денес 29.11.2017 година екипи од Секторот „Градско зеленило“  на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија садење на садници – дрвја на Булевар „Трета Македонска Бригада“  - наспроти Американ колеџ, во населба Аеродром.Во присуство на Директорот на ЈП Душан Авировиќ, Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и претставници од градската администрација, се засадија дрвја од видот: јавор, јасен, даб, див костен, липа и каталпа, кои се од сопственото производство на ЈП „Паркови и зеленило“ - Флораком. Изминативе денови екипите со околу дваесетина лица извршија припрема на теренот, со ископување на дупки за садење на садниците. За извршување на ова активност се употреби и соодветна механизација. Уредување на булеварското зеленило со садење на садници ќе продолжи долж Булевар „Трета Македонска Бригада“, улица „ 12 – та Македонска Бригада“ , и потегот од кај Булевар „Србија“ со Булевар „В.С.Бато“.

Ова е Акција на садење на дрвја, која изминативе години се спроведува на  пролет и есен, и е дел од уредувањето на јавното зеленило низ скопските општини, која ќе продолжи и наредниот период. 

 

 

  

 

 

  

29.11.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet