Еко- акција во Општина Аеродром

 

Во склоп на есенската акција на чистење на скопските општини, денес 30.11.2017 година се работеше на повеќе локации низ општина Аеродром и тоа: улица „Владимир Комаров“, булевар „Јане Сандански“, улица „Коста Новаковиќ“, улица „Васко Карангелевски“, булевар „АСНОМ“, булевар „Србија“, булевар „В.С.Бато“ и улица „Февруарски поход“. Собирање на лисја од зелена површина се работеше на улица „Владимир Комаров“, булевар „Јане Сандански“, позади Мајчин дом, како и зеленилото околу Т.Ц.„Бисер“. Чистење на зелената ширина на улица „Февруарски Поход“ и булевар „Србија“ беа дел од работните активности за еко - акцијата. Со ангажирани 60 – тина лица, 6 возила и 1 возило за утовар се изврши и утовар на лисја, собирање на смет и отпадоци.

Ова е голема еко-акција во општина Аеродром, која се реализира во соработка со Градот Скопје и неговите јавни претпријатија, во насока за почиста и поздрава животна средина на своите сограѓани.

  

 

 

  

 

30.11.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet