Мобилизирање на штабот за заштита и спасување на Град Скопје

 

 

Врнежите од дожд кој го зафатија скопскиот регион,  како и најавата  од  УХМР дека ќе продолжат и наредните денови, предизвикаа  излевање на реката Вардар од своето корито на неколку места. Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, презема мерки за заштита од поплавите.

Екипи од сите јавни претпријатија со соодветна опрема, механизација и лица формираа кризни штабови за интервенирање на настанатата ситуација.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ со околу 25 лица, соодветна опрема, како и механизација се мобилизирани и на дежурство од вечерва од 20:00 часот, па се до раните утрински часови во случај за превземање на конкретни активности и мерки.  

 

 

   

 

01.12.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet