Понуда на природни елки

 

Во пресрет на престојните новогодишни и божиќни празници, во производствените погони на „Флораком“ на бул. „Илинден“ бр.104 и во расадник Бутел – ЈП „Паркови и зеленило“ на ул. „Бутелска“, граѓаните можат да купат природни елки, гранки, икебани и други аранжмани. Исто така актуелна е понудата на популарната Божиќна ѕвезда (euphorbia pulcherrima), најтипичниот претставник на саксиските цвеќиња, кои се широко прифатени како новогодишен и божиќен украс. Истите се од сопствено производство на „Флораком“ и можат да се набават по цена од 200 денари. Елките се од видот picea scelza, се продаваат со бусен и по празниците граѓаните можат да ги засадат во дворовите и на зелените површини пред станбените згради. Цената на елките изнесува 1.130 денари со висина од 2м (со бусен), како и саксии со доплата од 450 денари, а малите елки се 450 денари. 

     

05.12.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet