Садење на листопадни садници на Бул.„М.Т.Гологанов“

 

 

Во паркот наспроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ на булевар „М.Т.Гологанов“ денес екипи на ЈП Паркови и зеленило  извршија садење  на  шеесетина  висококвалитетни листопадни садници од видот acer и catalpa.Ова е дел од Акцијата за засадување на нови дрвја на јавните површини во организација на Град Скопје, и заложбата за зголемување на парковите и дрворедите и нивната заштита во сите скопски општини.

Се садеше и на страничното булеварско зеленило на булевар „Илинден“ кај Зоолошката  градина и тоа 23 листопадни дрвја од видот: acer, catalpa,fraxinus, tilia и salix.

Исто така деновиве се изврши садење на дрвја и на локации во општина Аеродром околу 14 – ина садници од видот: acer, tilia, platanus, како и 35 садици од видот: acer и farxinus exc. во паркот на Бранители во општина Кисела Вода – Драчево.

Активностите за садење на дрвја, уредување и одржување на јавното зеленило, континуирано ќе продолжи и наредниот период.

 

   

 

  

        

07.12.2107

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet