Акција за чистење во општина Карпош

 

На седми и девети Декември 2017 година се реализираше акцијата за генерално чистење на општина Карпош  во организација на Град Скопје, како дел од акцијата за чистење на урбаните делови на скопските општини.

Во двата дена екипите на ЈП Паркови и зеленило извршија рачно собирање на лисја од тревна површина, утовар на лисја и тоа на следниве локации: Бул.„Илинден“, бул.„Партизански одреди“, ул.„Рузвелтова“, бул.„М.Т.Гологанов“, ул.„Ј.Гагарин“, ул.„Н.Русински“, ул.„Бледски договор“, ул.„Карпошово востание“, ул.„МАНАПО“, во нас.Влае, ул.„Љубљанска“, ул.„Разловечко востание“, ул.„Воденска“, ул.„Вич“ и ул.„Волгоградска“.

Со акцијата се опфати чистење на блоковско и булеварско зеленило низ општина Карпош 1, 2, 3 и 4, како и делови од зеленилото на реон Капиштец.

Во склоп на акцијата се изврши и садње на листопадни садници од видот Acer 36 садници и Catalpa 24 садници на ул.„Васил Чакаларов“ во Парк Македонија трет дел, како и садење на дрвја на бул.„8 – ми Септември“ од видот Acer 39 садници.Активирани лица на терен беа 28 работника, и се употреби соодветна механизација – возила.

Акцијата продолжува наредните денови во општина Ѓорче Петров.


11.12.2017

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet