Нов кружен тек

 

 

На крстосницата меѓу улиците 16 Македонска Бригада и Коце Металец  помеѓу населбата Автокоманда и Железара формиран е нов кружен тек. Се работи за ново сообраќајно решение што ќе придонесе да се зголеми безбедноста во сообраќајот, а просторот нов урбан и зелен лик,  со дијаметар на средишен зелен појас од 60 метри.Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Поставен е нов систем за полевање на зеленилото, со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња, со што градот доби уште една уредена зелена површина.

 

 

   

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet