Акцијата за почисто Скопје се реализира и во општина Ѓорче Петров

 

На 10 и 11 Декември 2017 година во склоп на големата акција за почисто Скопје, во организација на Град Скопје, се спроведе чистење во општина Ѓорче Петров. Во акцијата покрај општината, активностите ги извршуваа и јавните претпријатија. На повеќе локации се собираше смет, се чистеа депонии, се собираше шут и отпадоци низ јавното зеленило. Работните активности се одвиваа во парк „Ѓорче Петров“, ул.„Шидска“, ул.„Васил Чакаларов“, ул.„Ѓорѓи Казепов“ и ул.„Македонска војска“. Екипите на ЈП Паркови и зеленило со десетина работници и испомош од други реони, извршија собирање на лисја од тревна површина со дувалка, рачно собирање на лисја со гребло, како и утовар на истото. За овие потреби беа користени три камиони и три возила – ѓубретарки. 

 

 


12.12.2107


 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet