Градски парк

 

 

 

Градскиот парк завзема посебно место во градското зеленило. Основна карактеристика на овој реон  е својата повеќенаменска функција.

 

Покрај  местополажбата значајна е застапеноста на посебно ретки и квалитетни насади како: зимзелени и листопадни дрвја, зимзелени и листопадни грмушки, жива ограда, цветни површини, перени, жардиниери, алпиниуми како и парковски елементи на мостови, фонтани, видиковци, клупи, корпи за отпадоци и др. Со својата богата вегетација, парковски елементи  и детски реквизити претставува вистинско место за одмор и рекреација. 

 

 

Градскиот парк е поделен на прв и втор дел. Првиот дел има поголема наменска функција со културни споменици, простор за одржување на разни манифестации на отворено, уредени парцели на цветни површини и леи, делови со рекреативен карактер, угостителски објекти и друго. Додека пак Вториот дел на Градскиот парк е вистински зелен простор со повеќе вештачки подигнати езерца и богата вегетација за одмор, прошетка и рекреација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                        

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet