Садење на есенски цветен расад

 

     

Покрај тековните активности за одржување на јавните зелени површини низ градот, како косење на тревна површина, собирање на косена трева, собирање на лисна маса, полевање на зеленило и цветниот  расад, кроење и кастрење на грмушки и дрвја,  изминатиов  период екипи на ЈП„Паркови и зеленило“ вршат  садење на цветен  расад  на повеќе локации низ градот. 

Од есенскиот цветен расад  ќе се  засадат  вкупно околу 300 000 парчиња од видот  шебој (cheiranthus cheiri) – украсно цвеќе со жолтоцрвени мирисливи цветови, љубичица (viola) во жолта, црвена, бела и сина боја како и декоративна зелка. Цвеќињата ќе се засадат во сите десет скопски општини, односно по жардиниерите на сите булевари, во зелените површни на кружните текови,  во Паркот Македонија, Градскиот парк, Паркот Жена –борец, паркот во општина Чаир, пред општина Бутел и  други зелени површини.

 

                         

      

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet