Работни активности на бул.АСНОМ

 

На потег од хотел Русија долж бул.„АСНОМ“  сè до Рајски парк, екипи на  ЈП „Паркови и зеленило“ од Секторот „Подигање на зеленило“ извршуваат активности за уредување на зеленилото. Се работи за делот каде што се врши проширување на дел од сообраќајната лента на  бул.„АСНОМ“ во нас.Ново Лисиче. Реконструкција на булеварскатa средна жардиниера и страничното зеленило опфаќа етапно: расчистување на теренот, планирање, поставување на систем за полевање, озеленување, како и понатамошно хортикултурно уредување на булеварското зеленило. Истовремено се извршува уредување на дел од зелените површини  и просторот во Рајски парк.

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet