АПЕЛ

 

Важен и значаен дел од секојдневното живеење е здрава и чиста животна околина. Како претпријатие чија основна дејност е уредување и одржување на јавните зелени површини на територија на град Скопје, апелираме до граѓаните при посета на јавните зелени површини, парковите, парк – шумите, особено за време на викендите, да внимаваат и соодветно се однесуваат кон природата и зеленилото.

Самата природна вегетација наложува посебна нега и заштита, а со тоа и чиста почва и  површина. Уредените зелени површини, парковите, булеварското зеленило, парк – шумите се од големо значење за големите урбани и градски средини, каде се наметнува потребата за поголема свесност на граѓаните. Оттука, при вршење на секојдневните работни активности ЈП „Паркови и зеленило“, сѐ почесто забележува отпадоци, смет, ѓубре и уништување на зеленилото по гардските тревни површини, што говори за несоодветното и некултурно однесување.

  

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet