Ден на дрвото

 

Поради спроведување на есенската акцијата „ Ден на дрвото – засадија својата иднина“ 30 ноември (среда)  е неработен ден за граѓаните на Република Македонија, донесена со одлука на Влада на Р.Македонија. 

 

На прес конференцијата одржана денес (29.11.2016 год.) Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, во присуство на Директорот на ЈП„Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ, Директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџовски, Градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, претставници  на Здружението истакна дека и оваа година традиционално продолжува акцијата „Ден на дрвото – засадија својата иднина“, каде 256 илјади садници ќе бидат засадени во градското подрачје. Градот Скопје преку јавните претпријатија секоја година активно ја спроведува акција, со засадување на разни видови на садници – дрвја на целата територија на градското блоковско и булеврско зеленило, вонградското зеленило, како и сите јавни зелени површини.

 

Наменско и планирано засадување на соодветни видови на садници – дрвја, има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување  на дворовите  и  јавните  зелени површини, туку и за едукација и подигнување на еко- свеста кај граѓаните.

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet