Одбележување на Ден на дрвото 2016

 

 

Во сите општини на Град Скопје, на повеќе локации  во дворовите на градинките, Основните Училишта, во парковите, пред зградите, булеварското зеленило, како и дел од околните рурални средини,  на цела територија на Република Македонија, вчера (30.11.2016) се спроведе акција „Ден на дрвото – засадија својата иднина“.

Оваа акција се одржа по 17 пат, на целата територија на Република Македонија, каде со засадување на новите садници се врши оплеменување и збогатување на зеленилото во сите урбани и рурални средини.

Садниците од видот: туја, јасен, аризонски чемпрес, бел бор, багрем и бреза беа набавени од ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Македонски шуми“.

Со оваа акција  беа засадени околу милион садици на територија на Град Скопје. Исто така со оваа акција  неколку години по ред со засадување на нови, млади садници – дрвца, се врши разубавување и разеленување особено на урбаните градски зелени површини, каде потребата за почиста и поздрава животна околина е поголема.

  

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet