Флораком - понуда на природни елки

                                     


Во пресрет на престојните новогодишни и божиќни празници, во производствените погони на „Флораком“ на бул. „Илинден“ бр.104 и во расадник Бутел – „ЈП Паркови и зеленило“ на ул. „Бутелска“ граѓаните можат да купат природни елки, гранки, икебани и други аранжмани. Елките се од фамилијата Pinaceas ( бор, ела, смрека, цедар и се продаваат со бусен и по празниците граѓаните можат да ги засадат во дворовите и на зелените површини пред станбените згради. Цената на елките изнесува 1.130 денари со висина од 1,50м до 2,50м како и саксии со доплата. За разубавување на престојните празници можат исто така да се набават природни зимзелени гранки за украсување, како и богат избор на новогодишни декоративни аранжмани – икебани. 

     

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet