Флораком со учество на Новогодишниот базар на улица „Македонија“

 

Од 24.12.2016 до 31.12.2016 година на улица „Македонија“ во организација на Град Скопје и Конгресниот центар „Александар Македонски“ ќе се одржи Новогодишен базар под мотото „Подари среќа“. Во пресрет на престојните празници овој базар нуди интересни содржини за жителите и посетителите на градот Скопје. Граѓаните ќе можат да купат најразлични новогодишни подароци, рачно изработени предмети, новогодишни украси, честитки, плетени изработки, козметика од природни состојќи, како и голем избор на новогодишни икебани и божиќно цвеќе.

Флораком дооел  со  стручни лица ќе земе учество на базарот со понуда на новогодишни природни елки, како и широка понуда на декоративни-украсни новогодишни икебани. Покрај  готовите украсни понуди на икебани, посетителите ќе имаат можност да изберат по нивна желба да им се изработат соодветни новогодишни икебани, букети, украси од цвеќе и други аранжмани. Исто така покрај понудата на разни подароци, посетителите ќе имаат можност да се забавуват со богата музичка програма.

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet