Расчистување на снегот и мразот од јавните градски површни

 

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатиов период активно работат на чистење на мразот и снегот од тротоарите, патеките, улиците и булеварите на градските јавни површини. Како дел од екипите на Зимската служба на Град Скопје ЈП „Паркови и зеленило“  интензивно извршува активности на следниве улици и булевари:

-      Во општина Ѓорче Петров: кај кружниот тек

-      Во општина Карпош: чистење на мраз и снег на улица „Никола Комаров“, на булевар „Партизански одреди“ патеки кај ТЦ Сити Мол, на булевар „Партизански Одреди“ патеки кај Средно градежно училиште, булевар „8 ми Септември“

-      Во општина Аеродром: чистење на снег и мраз на булевар „Јане Сандански“

-    Во општина Центар: булевар „Партизански Одреди“ од улица „Рузвелтова“ до Соборен храм во Центар, булевар „Илинден“ потег од ЗОО до Влада на Р.М, чистење на патеки и тротоари во парк Жена борец, булевар „М.Т.Гологанов“ до Министерство за економија

          -      Градски парк: чистење на мраз и снег од пешачки патеки 

                 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet