Флораком ги реконструира производствените погони

 

Сардела (Пеларгониум); Далија (Гергина); Бегонија (Бегонија); Каранфил; Бакопа; Kалибрахоа и Tагетес се само дел од пролетниот цветен расад коj се произведува во расадниците на Флораком. Изминатиов период се изврши реконструкција на дел од веќе постоечките стакленици во производствените капацитети на Флораком ДООЕЛ, со поставување нова ризла-чакал на работните површини, се поставува нова фолија – најлони, систем за мерење на температурата, како и систем (мистери) за оросување на расадот. Постигнувањето и одржувањето на соодветната температура, светлина и влажност за ртење и растење на вегетативното размножување на растенијата, се неопходни и основни во процесот на цветното производство. Се очекуваат и други дополнителни чекори кои ќе овозможат постигнување на подобар квалитет, брзина и зголемување на производството.

 

  

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet