Пролетен цветен расад - Флораком

 

 

Во расадниците на Флораком се работи почетната фаза на сеење и пикирање на пролетниот цветен расад. Размножувањето на цветниот расад од видот: тагетис, пеларгониум, алисиум, зинија, газанија, бегонија и други, се врши генеративно (семенски) или вегетативно (со резници). Потоа следи период на закоренување на истите, во услови на микроклима, соодветна почва, оросување и понатамошно интензивно  и бујно разгранување на цветот. Како таков, сезонскиот пролетен расад е подготвен за садење во цветните леи на градското зеленило. Овој процес на производство на сезонски цветен расад е за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“, за садење и одржување на градските јавни зелени површини.

 

                  

  

  

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet