Пресадување садници

 

Почитувани,

Ве информираме дека екипите од секторот „Подигање на зеленило“ на ЈП „Паркови и зеленило“  овој викенд (11 и 12 февруари) ќе работат на ул„Народен Фронт“ на пресадување на 14 дрвја (12 багреми и 2 каталпи) кои ќе бидат засадени во паркот на новинарите, спроти зградата на Нова Македонија на бул. Св.Климент Охридски.

Дислокацијата на садниците се врши на барање на друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, по добиено правосилно одобрение за градба УП1 бр.27-1594 од 02.12.2016 издадено од општина Центар.

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet