Започна уредувањето на средишната жардиниера на бул.Трета македонска бригада

 

Екипи од секторот „Подигање зеленило“ на ЈП „Паркови и зеленило“ викендов 11 и 12 февруари 2017 година, ќе работат на уредување на средишната жардиниера на булеварот „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром. Со прошурување, реконструкција и уредување на сообраќајницата, етапно се врши и уредување на зелениот појас од 1,5 метри. На потег од бензинската на „Окта“ сè до надвозникот долж булеварот, во разделната булеварска жардиниера, ќе се  нанесува земја, ќе се поставува систем за полевање, и понатамошно  доуредување  во должина од 5 метри.

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet