Кроење на рози

 

Одгледувањето, негата и заштитата на растенијата, особено  цветните расади се неопходни во текот на целата вегетација. Оттука, карактеристично за овој период од годината е  екипите од секторот „Градско зеленило“ на ЈП „Паркови и зеленило“ вршат  кроење на кралицата на цвеќето – розата. Поточно на булевар „Партизански одреди“, бул. „Св.Климент Охридски“ , бул.„В.С.Бато“ како и во парк „Македонија“ се врши резидба на розите. Пролетта е најпогодно време за садење на рози, а кај веќе засадените, каде претходно се загранети со земја, се врши кастрење на сите суви и скршени гранчиња, како и старите и дебели гранки, додека преостанатите треба да се покројат на висина од 30 – 35 сантиметри.

Веднаш по кроењето пожелно е околу секој бокор (корен) да се нанесе тресет како и минерално ѓубре специјално наменето за рози. При ѓубрењето треба внимателно да се дозира количината за да не се постигне спротивен ефект. Најчестите болести на розите се пепелницата која се јавува најчесто по долг период на влажно време, како и појава на лисни вошки (кои се отстрануваат со инсектициди). Розите се размножуваат исто така со калемење и бараат сонце и светлина.

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet