Се одржа Четвртиот Скопски цветен фестивал

 

Викендов 27 и 28  Мај во паркот „Македонија“ се одбележа четвртиот по ред Скопски цветен фествал. Под мотото „Скопје е љубов, љубовта е цвет“ фестивалот го отвори Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ , истакнувајќи го како традиционална градска манифестација која го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено.

И оваа година посетителите имаа можност да купат цвеќе и цветни аранжмани, да ја изразат својата умешност со цвеќето, да учествуваат во работилници на отворено, да добијат совети од областа на хортикултурата, како и да се забавуваат.

На фестивалот учествуваа околу дваесетина изложувачи на цвеќе и саден материјал, цветни градини – изложбен простор, а како мултимедијална манифестација  свој настап имаа и музички групи, бендови, танцови клубови, денс стидиа, детски ансамбл, како и работилници за цртање и сликање, креативни работилници, изработка на фигури од балони и музички работилници.

 

 

 

 

 

 

29.05.2017 

 

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet