Уредување на странично зеленило на бул.„Трета македонска бригада“

 

Со активности на уредување на булеварската средишна жардиниера и странично зеленило од лева и десна страна на бул.„Трета македонска бригада“ во општина Аеродром, изминативе денови работат екипи од „Подигање зеленило“ на ЈП „Паркови и зеленило“. Со механизација се врши расчистување на теренот, утовар и растовар на земја, се расчистува  дел од неуреденото диво зеленило, а во тек е поставување на целосен автоматски систем за полевање на зеленилото, во должина од 1.200 метри.Екипите работат етапно, во фази по што следи оформување и доуредување на деловите од зеленилото со тревна површина.

Исто така дел од екипите извршија  уредување на зеленилото во кругот на македонската опера и балет во Центар, со засадување на сезонски цветен расад, а се подготвува и расчистува дел од страничното зеленило на бул.„АСНОМ“ нас.Ново Лисиче.

 

 

 

  

 

30.05.2017

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet