Чистење на зеленилото кај каналот во нас.Ченто

 

Деновиве повеќе екипи од секторот „Градско зеленило“ на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на чистење на зеленилото на каналот во нас.Ченто во општина Гази Баба.Поточно во с.Стајковци и с.Сингелиќ  покрај каналот, поради временските услови , тревата  и дивото израснато зеленило значително вегетирале, каде со употреба на соодветни машини – тримери (со циркулари) наредниве денови активно ќе се расчистува теренот. Ова е дел од вонредните активности на екипите од „Градско зеленило“ за одржување на зеленилото на територија на град Скопје.

Исто така дел од екипите од овој реон извршија садење на летен цветен расад на средишната жардиниера на бул.„Гоце Делчев“, потоа во парк „Чаир“ како и редовно косење и полевање на трева и цветна површина на јавното зеленило.  

 

 

     

 

31.05.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet