Бегонија ја краси цветната фигура „Топка“

 

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве извршија садење на летен цветен расад  на цветната фигура „топка“. Во средишното зеленило на бул. „ВМРО“ цветната фигура ја красат околу 1.600 корења на цвеќе од видот бегонија (lat.Begonija semperflores) во црвена и бела боја. Постаментот е уреден со околу 750 корења од видот бегонија во црвена  боја, и околу 750 корења од видот џунџуле (lat.Tagetes erecta). Ова е дел од активностите на уредување и одржување на цветните површини низ булеварското  зеленило.


15.06.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet