За претпријатието

              ЈП„Паркови и зеленило“ - Скопје

 

Јавното комунално претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје работи и функционира согласно Законот за јавни претпријатиja, Законот за локална самоуправа и Законот за комунални дејности. Основач и сопственик на претпријатието е Град Скопје.

Претпријатието како правен следбеник на ЈКП „Комуналец“, самостојно функционира од 29.12.1992 год. ЈП „Паркови и зеленило“ е основач на две друштва со ограничена одговорност:

-       ФЛОРАКОМ  ДООЕЛ

-       ЛУНА  ДООЕЛ

 

ЈП „Паркови и зеленило“ врши дејност од јавен интерес во комуналната сфера на територија на Град Скопје, од кого е основано. Своето делување го реализира преку спроведување на Програмата за работа што ја усвојува Советот на Град Скопје на крајот на годината. Како единствено јавно претпријатие, кое се грижи за подигнување, уредување и одржување на зелените површини на територија на градот  Скопје, претпријатието „Паркови и зеленило“ – Скопје има улога на сервис на граѓаните под мониторинг на стручните служби на градот Скопје.

 

Постоечката законска регулатива е мошне комплексна и овозможува остварување на основната дејност на ЈП „Паркови и зеленило“ – уредување и одржување на јавните зелени површини и тоа преку:

1. Одржување на јавното градско  зеленило

2. Одржување на Вонградското зеленило и спортско рекреативните центри.

Јавното претпријатие ги извршува должностите во сектори, одделенија,

зони, реони, пунктови, објекти, и спортско рекреативни центри, организирани според природата и карактерот на работата, обемот, сложеноста, нивната

меѓусебна сродност и поврзаност.  

 

Оперативната реализација претпријатието ја спроведува преку:

1. Одржување на јавното градско зеленило подигнато согласно урбанистичкиот план: булеварско, блоковско, дрвореди, паркови.

2. Подигање на нови јавни зелени површини и паркови.

3. Хортикултурно уредување на површини од затворен тип (индустриски објекти, училишни дворови, болници)

4. Одржување на вонградско зеленило (Парк – шума Водно, Парк на природата Гази Баба , и СРЦ Сарај)

5. Изградба на придружни елементи во парковски површини, парковски инвентар, видиковци, изработка и поставување на клупи и слично.

6. Подигање на ветрозаштитни појаси.

7. Пошумување на голини и ерозивни терени.

 

Главната цел и стремеж на ЈП „Паркови и зеленило“ досега, а и во иднина е подигањето  на нивото на свеста за комплексниот приод на урбаното и хортикултурното уредување, неопходно во функција на создавањето на новата урбана средина во градот.

 

 

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet