Водно

    

Парк-шумата „Водно“ како комплексен екосистем има посебно значење за градот Скопје преку остварувањето на својата еколошка и енвироментална функција. Санитарно-хигиенските функции на планината Водно за градот се однесуваат, на влијанието на микроклимата, значењето во прочистувањето на воздухот, позитивните ефекти за намалувањето на бучавата, заштитата од поројните дождови, одржувањето на водниот и температурниот режим. Посебно значајна е рекреативната улога на парк-шумата Водно, како и архитектонско-естетската вредност на истата.

ВОДНО

Планината Водно, во чиј состав се протега парк-шумата Водно, се наоѓа во централниот северен дел на Македонија. Планината од запад е ограничена со клисурата на реката Треска, додека југоисточната граница е дефинирана со басенот на Маркова Река.

 

Парк-шумата Водно е најзначајниот зелен појас за Градот Скопје. Планината Водно со своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности има посебно значење за неговите жители.

  

Прогласена е за парк-шума во 1976 година, пренесена е под ингеренции на ЈП Паркови и зеленило во 1988 год.

Се наоѓа на југозападниот дел на Скопската Котлина и се протега во правец исток-запад во дожина од 12km и ширина од 5.5km.

Зафаќа вкупна површина од 4.573ha, природните шуми зафаќаат површина од 1410ha: деградирани ниски дабови  ниски шуми шикари и црн бор.

Во рамките на пошумените делови на Водно, особено се значајни и атрактивни чистите насади на црн бор. Водно, коешто за разлика од минатото, сега претставува целосно зашумен дел, благодарение на специфичната геолошка подлога и клима, населено е со релативно богат растителен и животински свет.

За богатото флористичко богатство зборува присуството на околу 900 видови, што претставува скоро 1/3 од вкупната флора на Република Македонија. Од фауната на Водно најбогата, но и најмалку проучена, е фауната на без’рбетниците. Од друга страна, фауната е богата со: скакулци, дневни пеперутки, тркачи, водоземци, влекачи, птици, цицачи. Додека пак од габи се регистрирани 143 видови (најзастапени макромицети).

 

Вегетацијата започнува во месец април, а крајот на вегетацијата е во месецоктомври. Вегетациониот период трае околу 7 месеци. Апсолутен максимум  е забележан од 43 степени, додека апсолутно минимална температура на воздухот е забележана  со температура од -19,8 степени.

Во парк-шумата Водно, однодно во Скопската Котлина преовладува умерено континентална клима. Летата се суви, долги и топли а пак зимите се умерено ладни со периоди на екстремни суви мразеви.

Во парк–шумата се сретнуваат седум воопштени групи на екосистеми:

1. Природни шумски екосистеми

* Дабови шуми

* Костенови шуми

* Шикари

2. Антропогени шуми

* Мешани листопадни и четинарски шумски насади

* Црноборови насади

3. Отворени простори со смреки

4. Суви тревести екосистеми

5. Варовнички клифови

6. Обработливи површини, лозја и овоштарници

7. Населени места

 

Парк-шумата Водно со зачуваните пејзажи претставува препознатлив амбиент којшто е доста посетен од граѓаните на Скопје како нивно најважно рекреативно подрачје како природна околина. Највисокиот врв на Водно - Крстoвар (1.067 m) со планинарскиот дом и новоизградениот милениумски крст, претставува видиковец и маркантно обележје на градот и за целата Скопската Котлина. На повисоките делови на Водно местимично се зачувани состоини од костен, даб, јасен и габер.

 

 

 

                                                      

                                  Pinus Nigra

                                       

                                  Quercus macedonica

                                           

              Оstrya carpinifolia

Флората во парк-шумата Водно се состои од 1010 вида од кои 868 се автохтони и 142 се интродуцирани.

Врвот е висок 1067m,  а сртот е долг  7km. 

Геолошка подлога: хетерогена со силикатни и карбонатни матични карпи.

Почвени услови: смолница, црвеница, хумусни карбонати, скелетни почви.

Клима: Умерено континентална, умерено планинска до планинска.

Врнежи: Aридно подрачје со со средно годишен просек од 692mm на 1m²

Температура: Просечна годишна од 9.9◦С.

Релативна влажност на воздухот: мала

Ветер: запад и северо-запад

Хидрографија: 5 извори на јужната и 36 на северната страна на надморска височина од 500-600m. 

Значење на Парк Шума Водно

Еколошки аспект: Конзервација на почва и вода и заштита на порои; придонес кон биодиверзитетот; регулирање на локалната клима; обезбедување чист воздух; бариера од бучава

Социолошки аспект: Спорско-рекреативна улога; културни вредности; место за живот; воено стратешка улога 

 

Социјални и економски вредности на Водно: излети; планинарење; eкстремни спортови (падобранство, параглајдерство);  туризам; можности за фотосафари; живеалиште (земјоделски активности); религиозни вредности; простор за едукација на ученици и студенти

    Водно во 1920 година                               Водно денес   

        

                       

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet