Гази Баба

Парк на природата „Гази Баба“

Паркот на природата „Гази Баба претставува вештачки подигната шума која се наоѓа во средиштето на градската урбана зона. Зеленилото на овој локалитет е интегрален дел на градот, и е во функција на здравјето на луѓето, бидејќи има огромно хигиенско-санитарно значење како и естетска вредност и претставува атрактивен, интензивно пошумен простор со површина од 105ха. Со цел да се сочува шумата, секоја година се применуваат соодветни одгледувачко-мелиоративни мерки.

Локалитетотот Гази Баба, како Парк на природата на градот Скопје, претставува релативно поголема површина обрасната со шумска рaстителностСе наоѓа на источниот дел  на градската урбана средина, во близина на скопската населба Железара и лежи на просечна надморска височина од околу 300 метри.

Шумата на локалитетот Гази Баба е со посебна вредност. Во средиштето на една урбана средина како што е градот Скопје ретко се среќава ваква голема површина под шума.

                  

 

Климата со своите елементи директно или индиректно влијае врз појавата, опстанокот и добриот или лош развој на одделни дрвни видови. На Гази Баба, односно во Скопската котлина преовладува умерено континентална клима. Летата се суви, долги и топли а пак зимите се умерено ладни со периоди на екстремни суви мразови. Според тоа, одговара за развојот на ксерофилни шуми, бидејќи за време на вегетациониот период индексот на сушата е под 40 степени. Гази Баба се карактеризира со средна годишна температура на воздухот од околу 10 степени, средна годишна релативна влажност на воздухот е 70% и средна годишна количина на врнежи е околу 545mm. Покрај апсолутно максималната и минималната температура на воздухот, за развојот на шуските видови дрвја, како и мерките кои ќе се преземаат во однос на внесување на алохтони дрвни видови од важност се раните есенски и доцните пролетни мразови.

 

Подрачјето опфаќа главно непроменети природни екосистеми, управувани со цел да се постигне долготрајна заштита на биолошкиот диверзитет преку одржливо искористување на природните ресурси и задоволување на потребите на општеството.

За овој вегетациски тип се карактеристични тревести алохтони, а не ретко и инвазивни видови, со што драстично се менува автохтоната флора на подрачјето. Притоа, интересно е што на овој начин доаѓа до образување на една специфична мешана флора која понекогаш може да биде доста богата со видови. Големиот диверзитет на дрвенести видови на така мал простор, овозможува добар развој на микрофлората. Ова е посебно значајно за микро-ризните и лигниколните видови габи, чиј диверзитет зависи од богатството на супстрати.

Исто така, значајно е да се истакне дека покрај влијанието врз локалните климатски услови, на квалитетот на атмосферата и слично, Гази Баба, заради близината и достапноста, е едно од најпосетените места за рекреација во околината на Скопје.

Во Паркот на природата „Гази Баба“ се подигнати антропогени насади од поголем број автохтони и алохтони дрвенести видови. Покрај нив, на отворените простори, по рабовите на патеките и слично, се развива рудерална вегетација, која вообичаено ги следи ваквите насади во големите градови. За овој вегетациски тип се карактеристични тревести алохтони, а не ретко и инвазивни видови, со што драстично се менува автохтоната флора на подрачјето.

 

Флората во Парк на природата Гази Баба, малата површина, а и безначајната надморска височина не овозможуваат присуство на некое големо богатство на автохтони видови.

 

 Од видовите кои се користени за пошумување највеќе се застепени следниве:

 

- Pinus nigra - Robinia pseudoacacia

- Maclura aurantiaca - Fraxinus americana

- Gleditshia triacanthos - Ailanthus glandulosa

 

Од видовите кои како грмушки многу често и густо се сретнуваат во потстојниот кат ќе ги наброиме следниве:

 

- Ligustrum vulgare - Amorpha fruticosa

- Maclura aurantiaca - Berberis vulgaris

- Fraxinus americana 

 

 

       

        Rhagadiolus stellatus             Campanella caesia            Foeniculum vulgare

 

 

Фауната на птиците е најпроучена, но и најбогата. Регистрирано е присуството на најмалку 87 видови, но овој број веројатно е поголем. Некои од видовите имаат статус единствено на зимски гости или случајни минувачки, но добар број и се гнездат. Нема глобално засегнати видови, но има присуство на осум видови штрк, сив сокол - случаен минувач, сириски клукајдрвец, среден шарен клукајдрвец, шумска чучулига, беловрато муварче - на преселба и обично страче.

 

 

Фауната на без’рбетниците на Гази Баба е слабо проучена, најдобро се проучени дневните пеперутки, а малку податоци постојат и за скакулците. Регистрирани или очекувани се 56 видови. Поаспективни и атрактивни се Iphiclides podalirius, Papilio Machaonи Vanessa atalanta. 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet