Сервисни информации

                      1.   Акција за доделување на садници

Град Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ секоја година напролет и наесен  организира aкција за доделување на листопадни и зимзелени садници.

Сите заинтересирани урбани месни заедници и куќни совети треба прво да поднесат Барање за доделување на садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје бул.„Илинден“ бр.82. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или месната заедница. Субјектите во барањето треба да наведат број на садници што бараат да им се доделат и точна локација на која планираат да ги засадат истите. Потоа, по добиените решенија од Секторот за комунални работи на Град Скопје граѓаните ги подигнуваат садниците од ЈП „Паркови и зеленило“, а можат и да добијат стручни совети и инструкции од вработените за садење на истите.

 

2. Постапка на  обесштетување при вршење на активности од дејност

 

· Постапка при паднато дрво

Во случај на паднато дрво, постапката е прво да се извести МВР и да се направи увид на местото за состојбата. Потоа самиот обесштетен прави фотографии, како доказ, по што обесштетувањето се врши само во случај кога има добиено решение за сечење на тоа дрво-стебло од Секторот за комунални работи на Град Скопје.

·Постапка при одржување (косење) на јавно зеленило

Во случај на оштета при вршење на работни активности од дејност постпката е следна: прво се известува – повикува МВР и се прави полициски записник на местото на случајот. Потоа Раководителот на реонот дава изјава за настанатата штета, после која се прави пријава на штетата која ја изготвува Раководителот за осигурување во ЈП „Паркови и зеленило“, и се доставува до осигурителната компанија со која е склучен договор за обесштетување.

 

3.   Одобрение за сечење на дрва

 

Доколку физичко или правно лице од оправдани причини има потреба да побара да се отстрани или кастри конкретно дрво (стебло) на територија на град Скопје постапката е следна:

- Со конкретно образложение во писмена форма поднесува Барање за сеча на дрво до Секторот за комунални работи на Град Скопје.

- Потоа на основа на стручно мислење и увид на терен (за конкретниот случај), од страна на Секторот за комунални работи се издадва Решение за сеча или интервенција на дрва.

 

3.1.  Доколку дрвото се наоѓа на површина која е во приватна сопственост, двор, зграда на станари, или друга површина со специјална намена, трошоците за интервенцијата за предметниот случај се на терет на сопственикот, односно Здружението на зградата на станари или друг корисник на предметната површина.

3.2.  Доколку дрвото се наоѓа на јавна зелена површина која е во Програмата за редовно одржување на Секторот „Дрвореди“, надлежните работи ги врши ЈП „Паркови и зеленило“ по добиено решение од надлежните од Секторот за комунални работи на Град Скопје за сечење, корнење и кастрење на дрва.

 

 

 

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet