Стратегија

                       

Стратегискиот план претставува основен концепт за развој на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје, во кој се содржани сите проекти и активности преку кои се планира остварување на целите. 

 

 

МИСИЈА

Создавањето услови за уредно и квалитетно одржување и подигање на зелени површини во град Скопје со посебен акцент на заштита на животната средина и постојана грижа за барањата на граѓаните.

 

ВИЗИЈА

Tехнички и технолошки опремено претпријатие кое на иновативен начин нуди услуги за чист и зелен град, кој придонесува за урбано уредено зеленило на граѓаните и посетителите.

 

ЦЕЛИ

Основната цел на претпријатието се задоволни граѓани на коишто постојано им се нудат квалитетни услуги. За остварување на целите потребно е:

· Унапредување на професионалните капацитети на вработените преку обуки, едукација и селекција при вработувањето;

· Унапредување и осовременување на механизацијата и опремата, со што би се унапредил процесот на работа, би се зголемила продуктивноста и би се намалиле губитоците;

· Унапредување на контролата на квалитетот со што би се постигнало рационално искористување на работното време и зголемување на рентабилноста;

·  Подобрување на соработката со граѓаните со што би се оствариле предуслови за унапредување на квалитетот на работата и заштита на животната средина;

· Зголемување на мотивираноста на вработените преку обезбедување на сигурна и стабилна работна средина.

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet